Бритни Спирс ќе ѝ подзавиди: Антониа повторно „растури“ во Ѕвездички!
Музичкото натпреварување „Пинкове ѕвездице“ е во полн ек. По втор пат нашата претставничка Антониа Гиговска покажа и докажа зошто се најде во оваа All star сезона.
Задачата за овој настап беше да се отпее песна од 90 - тите, а Антониа ја одбра „Baby one more time“ од Бритни Спирс. Овации од публиката и позитивни коментари од жирито се добар показател дека нашата натпреварувачка одлично ја завршила својата задача.
Доколку досега го немате изгледано, во продолжение ви го доловуваме последниот настап на Антониа!