Бритни Спирс може да ангажира адвокат по желба: Ќе го тужам татко ми, ми го уништи животот
Бритни Спирс конечно ќе може да се избори за своите права: судот во Лос Анџелес ѝ дозволи сама да одбере адвокат кој ќе ја претставува во случајот со старателството.
Таа досега беше застапувана од адвокатот Сем Инграм, кои ѝ го додели судот и тоа уште од кога беше ставена под старателство пред 13 години. Сепак, Сем побара да даде оставка на 6 јули, откако пејачката го побара тоа од него, а сето тоа се случи откако беше крената прашина во врска со злоупотребата на старателството. „Навистина немав можност да изберам свој адвокат. И би сакал да го сторам тоа“ - рече Бритни на сослушувањето на 23 јуни.
На сослушувањето, Бритни побара од судијката Бренда Пени дозвола да го ангажира поранешниот федерален обвинител Метју Розенгарт за свој приватен адвокат. Судијата го одобри нејзиното барање и ја потврди оставката на Сем. Розенгар стана познат адвокат кој работи за неколку холивудски sвезди, меѓу кои и Шон Пен и Стивен Спилберг.
Бритни се јави во средата, плачеше и рече дека е „крајно исплашена“ од нејзиниот татко Џејми Спирс, пренесува NBC News. „Тука сум да се ослободам од татко ми и да го обвинам за злоупотреба на старателството“ - рече таа, додавајќи: „Ова старателство му овозможи на татко ми да ми го уништи животот“.
„Моето семејство никогаш не се грижеше за мене. Нивната цел беше да ме полудат, а јас не сум луд и тоа не е во ред. Ме полуде тоа што моето семејство никогаш не се грижеше за мене“ - објасни низ солзи.
„Сакам истрага за татко ми. Тука сум да поднесам обвинение... Лута сум и ќе одам до крај“ - рече таа.
Нејзината мајка Лин Спирс поднесе барање во кое бара судијата да ѝ дозволи на Бритни да ангажира свој приватен адвокат, тврдејќи дека тоа е „првиот чекор“ во решавањето на проблемот со старателството на пејачката.
Денешното рочиште се однесуваше и на барањето на приватната финансиска групација „Бесемер Труст“ од 1 јули да се повлече од функцијата чувар на имотот на пејачката - позиција што компанијата ја споделува со Џејми - затоа што финансиската група сака да ги „почитува нејзините желби“ во врска со престанок на нивната функција. Судијата ја одобри оставката на Бесемер во средата.