Бритни Спирс сака да се омажи, но сè уште не го слушнала прашањето: Го обвинува старателството за тоа, но не беше 100% искрена на суд
Пејачката Бритни Спирс (39) кон крајот на јуни во јавното судење го обвини татко ѝ, кој е нејзин законски старател, што ја држи против нејзина волја и дека старателството повеќе ѝ штети отколку што ѝ помага.
Поп ѕвездата тврди дека една од главните причини зошто сака да го прекине старателството е тоа што не смее самостојно да носи одлуки за својот живот. Помеѓу тие големи одлуки ја наведе желбата за повторно да се омажи и да има деца. Бритни изјави дека тоа ѝ е забрането додека е под старателство.
Таа последните четири години е во врска со Сем Азгари (27), но иако таа изразила желба за свадба, изгледа дека тој нема исти планови. Анонимен извор кажа дека двојката разговарала за тоа, но дека Сем уште не ѝ го поставил тоа прашање на Бритни.
По бомбастичниот и драматичен исказ двојката замина на краток одмор на Хаваите и се зборуваше дека Сем би можел да ја запроси таму, но истиот извор ги увери порталите дкеа тоа не се случило.
Доколку може му се верува на Џејми, таткото на Бритни и законите кои се типични за овој тип на старателство, тој ниту останатите старатели немаат право да ѝ забранат на Бритни повторно да се омажи и да има деца.