Бритни Спирс за бракот кој траеше 55 часа

Бритни Спирс за бракот кој траеше 55 часа

Објавена во: Живот // Живот

После забава не размислуваш баш што правиш – изјавила пејачката во една прилика

Поранешниот сопруг na Бритни Спирс, Џејсон Александар кој упадна na нејзината венчавка со намера да ја уништи и да ја прекине церемонијата, беше во брак со пејачката само 55 часа.

Имено, Бритни и Џејсон пораснаа заедно, тие беа пријатели на почетокот на 2000-тите кога пејачката доживеа светска слава.

Тие одлучија на 3 јануари 2004 година во Лас Вегас за време на забава да се венчаат во мала бела свадбена капела, тогаш имаа по 23 години.

Набргу по два дена, младенците потпишале поништување на бракот и признале дека тоа било грешка.

- Беше тотално лудо. Само се погледнавме и рековме „Ајде да направиме нешто сосема лудо“, по што пропадна брачниот договор“, изјави во една прилика Џејсон, додавајќи дека не бил среќен по поништувањето бидејќи бил заљубен во неа и мислел дека и таа е заљубена во него.

Џејсон тврдеше дека пејачката го поканила во Лас Вегас со приватен авион за Нова година, а нејзината мајка и нејзините соработници полуделе „затоа што немало предбрачен договор“.

Бритни, сепак, рече дека е „глупава и бунтовничка“ и дека „не размислувала за последиците од нејзините постапки“.

„После забава, навистина не размислувате за тоа што го правите“, рече пејачката еднаш.


Да потсетиме, Бритни Спирс и Шем Асгари се венчаа во четвртокот на 9 мај, а нејзиниот поранешен сопруг Џејсон Александар се обиде да упадне во нејзината венчавка, а сето тоа беше пренесено преку Инстаграм во живо.


Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: