Брижит и Макрон важат за „најинтимната претседателска двојка во историјата“: Детали од книгата објавена за нив
Минатата година француска новинарка објави биографија која фрли светлина врз врската помеѓу Емануел Макрон и неговата сопруга, првата дама на Франција, Брижит.
Откако „Tant Qu’on Est Tous les Deux“ се најде во книжарниците низ Франција крена многу прашина бидејќи содржи директни цитати од Брижит Макрон и Емануел Макрон.
Судејќи според книгата, овој пар е толку приврзан што им е тешко да направат нешто во текот на денот, а да му кажат на другиот. Самата Чакалоф вели дека останала „фасцинирана“ од оваа љубовна приказна, а за медиумите открила дека претседателот на Франција ѝ се јавува на сопругата секој час и половина.
Новинарката за книгата користела и извори блиски до парот, кои таа не ги именува. Велат дека Брижит е посветена на успехот на нејзиниот сопруг.
Во книгата, мајката на Емануел Макрон зборува и вели дека има блиски односи со Брижит.
Оваа новинарка мораше напорно да работи за да стигне до претседателската двојка, а да добие дозвола да работи на нејзината биографија дојде откако се спријатели со Брижит.
- Тие го знаат распоредот еден на друг до минута. Макрон оди во кревет откако ќе и поднесе детален извештај за неговиот ден. Претседателот вели дека Брижит понекогаш заспива и не слуша сѐ, но главно го чека тој извештај.
Брижит и Емануел важат за „најинтимната претседателска двојка во историјата“. Од самиот почеток, нивната врска предизвика гнев во јавноста, особено откако се дозна дека се започнале во училиште, каде денешната г -ѓа Макрон била во улога на наставник, а францускиот претседател бил нејзин ученик.
Емануел Макрон е 24 години помлад од неговата сопруга, а во неа се вљубил како средношколец. Нивната врска, уште од самиот почеток наишла на осуда. Неговите родители во еден момент биле близу до одлука да ја пријават на надлежните и да ја обвинат Брижит за непристојна врска со нејзиниот ученик.
Денешната прва дама на Франција ја спасила бабата на Макрон, Манет, која била единствената што ја поддржувала двојката, се открива во книгата „Deux Jeunesses Françaises“.
Во тоа време, Брижит била мажена за Андре-Луис Озиер со кого има три деца, а 15-годишниот Макрон ја освоил, со својата интелигенција.
Неговите родители сакале да ги разделат. Но, неговата баба сфатила колку Брижит е важна за нејзиниот внук, па дури им помагала тајно да се состануваат на почетокот на врската. Бабата на Макрон, Манет почина во 2013 година и до последен ден го поддржувала внукот и неговата љубов кон Брижит.