Бруклин Бекам уште една тетоважа ѝ посвети на Никола: Многумина сметаат дека изгледа евтино и нема значење
Не се сите воодушевени со неговата нова тетоважа...
Бруклин Бекам и Никола Пелц неодамна својата љубов ја крунисаа со брак, а од венчавката неуморно ја споделуваат својата љубов на Инстаграм. Освен тоа, ја искажуваат и на еден друг начин, особено Бруклин.
Бруклин е познат по своите многубројни тетоважи. Целото тело му е исполнето со разни цртежи, пораки и цитати, а не е ни тајна дека некои тетоважи ги има посветено на својата сопруга, Никола. Во едно од интервјуата што ги има дадено за медиумите, Бруклин изјави дека моментално има околу 95 што е неверојатно голем број на тетоважи.
Очигледно е дека има место за уште, бидејќи сега објави стори на Инстаграм, каде ја покажа својата нова тетоважа, која и не е толку убава како неговите претходни. Имено, на тетоважата пишува „Married“, односно „Оженет“. Иако тоа го објави на стори, многумина почнаа да ги оставаат своите коментари на социјалните мрежи и едно е сигурно - на никој не му се допаѓа неговата нова тетоважа. Тетоважата ѝ ја посветил на сопругата и била изненадување за неа.
Многумина мислам дека тетоважата е глупава, бидејќи веќе има неколку кои ѝ ги има посветено на Никола, а и сите знаат дека неодамна се венчаа, со оглед на тоа што се светски позната двојка. Затоа мислат дека немал потреба за ваква тетоважа која не означува ништо освен тоа дека сега сите знаат дека тој е оженет, а тоа го знаеја и порано. Но, на Никола ѝ се допаднала тетоважата, а најверојатно тоа е најважно. Освен тоа, ова е само една од тетоважите кои ѝ ги има посветено на неа, а многумина се прашуваат, ако тие некогаш се разделат, како ли ќе успее Бруклин да ги прикрие тетоважите кои ѝ ги има посветено на Никола.
фото: Принтскрин / Инстаграм