Брус Вилис за првпат во јавноста по откриената болест: Фотографијата ја покажа вистината за неговата состојба

Брус Вилис за првпат во јавноста по откриената болест: Фотографијата ја покажа вистината за неговата состојба

Објавена во: Живот // Живот

Еве што всушност се случува со актерот...

Според пишувањата на странските медиуми, актерот Брус Вилис има сериозни проблеми со памтењето текстови, како и дијалози, што во почетокот многумина го препишуваа на неговата мрзеливост. Меѓутоа, како што се испостави работата е многу посериозна.

Откако му била дијагностицирана афазија, актерот решил да се повлече од јавниот живот, а сега за првпат е виден по објавувањето на овие вести.

Неговата сопруга Ема Хеминг со мелодијата „Honky Tonk Women“ од Ролинг Стоунс, објави видео. На истото, Брус е „уловен“ како се шета во шума за време на ведриот пролетен ден.

Актерот делува среќно и изгледа дека ужива во друштво на својата сопруга која му е голема поддршка во овој период.

Таа исто така сподели серија фотографии од излетот на кои се таа и Брус со описот „Мама и тато во своето омилено живеалиште“.

Семејството на Вилис, вклучувајќи ги неговата сопруга Ема, поранешната сопруга Деми Мур и петте ќерки, минатата недела објавија заедничко соопштение преку Инстаграм во кое се наведува дека холивудската икона „има здравствени проблеми и дека ѝ е дијагностицирана афазија, што влијае на неговите когнитивни способности и дека во следниот период нема да се занимава со глума“.


Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: