Брутално искрени совети кои секој во младоста треба да ги слушне: Некои нема да ви се допаднат
Овие совети сите мора да ги слушат...
За да израснеме во што подобри луѓе, во младоста мораме да слушнеме некои совети кои во овие години нема да ни бидат драги, ќе мислиме дека се глупави и едноставно нема да ни се допаднат. За жал, сепак мора да ги слушнеме, а еве за кои совети станува збор:
# Да се извиниш не е знак на слабост, туку знак дека си силна личност. Сите некогаш знаеме да направиме грешка, но треба да знаеме да ја прифатиме и признаеме истата, како пред себе, така и пред другите, бидејќи на овој начин растеме и стануваме подобри луѓе.
# Верувај му на своето чувство и доколку ти говори дека нешто е погрешно, сигурно е. Немој да се согласуваш на работи само за да се докажеш пред другите.
# Во ред е на некој да му кажеш „НЕ“. Немој да се чувствуваш лошо поради тоа.
# Кога некој ќе ти каже дека не можеш да постигнеш нешто, тоа не значи дека таа личност не го може тоа, а не дека ти не можеш.
# Не е важно што мислат другите за тебе, ниту колку лајкови имаш на социјалните мрежи. Важно е само она што ти го мислиш за себе. Живеј го животот така што на крајот од денот ќе можеш да се погледнеш во огледало и ќе бидеш горд/а на себе и своите одлуки.
# Немој да одлучиш дали некој е личност со која ќе се дружиш или ќе бидеш во врска, според тоа колку заеднички работи сакате да правите. Навистина е возможно да станете многу близок со луѓето кои имаат интереси за кои ти можеби немаш слушнато.
# Започни да штедиш пари и тоа СЕГА. Не ти треба нова облека секоја сезона, ниту 50 различни кармини за усни.
# Во ред е да не сѐ биде успешен во се и некогаш е во ред да потфрлиш.
# На продавачките на благајните во маркетите не им е гајле што купуваш кондоми.
# Луѓето во текот на животот ќе те искористуваат, доколку не научиш да се заложиш за себе и доколку бидеш пренаивна личност.
# Пронајди некое хоби/занимација/интерес околу кое ќе бидеш возбуден/а и среќен/среќна кога ќе се занимаваш со тоа.
# Кога ќе положиш за возачка дозвола, прифати дека си човечко битие и дека закони на физиката се однесуваат и на тебе. Забави и не вози брзо само за да се докажеш на пријателите, бидејќи една грешка може да заврши кобно.
# Не се однесувај кон другите онака како што не скааш да се однесуваат кон тебе.
# Сите се паметни, само на различни начини. Немој да навредуваш на тој начин и да зборуваш дека е глупав, само затоа што не се вклопува во твоите стандарди.
# Личноста која ја сакаш на 17 години можеби нема да биде личноста која ќе ја сакаш и на 30. Без разлика дали станува збор за момче/девојка или пријател. Во ред е да ги пуштиш луѓето од животот за да може да дојдат нови.
Извор: teen385.com