Брутално ја претепа и ја малтретираше кога му прости: Крис Браун сега ѝ ја честита бременоста на Ријана

Брутално ја претепа и ја малтретираше кога му прости: Крис Браун сега ѝ ја честита бременоста на Ријана

Објавена во: Совети // Boys and Girls

Ријана на спектакуларен начин му откри на светот дека повторно е бремена, но никој не очекуваше деа помеѓу првите ќе се огласи токму оној кој пред неколку години брутално ја претепа.

За спектакуларниот настап на Супербоул на Ријана и понатаму се зборува. Не само што на публиката ѝ недостасуваа нејзините концерти, туку и вистинското изненадување следуваше кога на светот му откри дека е повторно бремена. Секако, во истиот момент се огласија многу познати личности и ѝ честитаа за бременоста, но честитката од една личност привлече посебно внимание.

Имено, во моментот кога Ријана го покажа трудничкиот стомак, на стори кај нејзиното поранешно момче, Крис Браун се појави: „Напред девојко!“, со емотикон од раце кои се молат и црвено срце, по што на сите им стана јасно дека ова е упатено до пејачката.

Прашање е дали музичарот ќе се огласи по ова прашање, со оглед на количината негативни коментари кои следуваа по оваа постапка.

Причината за тоа е што јавноста никогаш не му прости што брутално ја претепа пејачката во 2009 година. Ријана му прости, но обожавателите не. Имено, поранешната двојка почна да се забавува во 2007 година, а раскина две години подоцна кога беше откриено дека Браун физички ја нападнал пејачката пред доделувањето на Греми наградите во 2009 година.


Тој ја призна вината за кривичното дело и беше осуден на 5-годишна условна казна, но дури откако фотографии од претепаната Ријана се најдоа на социјалните мрежи стана јасно колку бил брутален физичкиот напад.


И покрај сето тоа, пејачката му прости, а подоцна зборуваше и дека Браун бил нејзината најголема љубов и не е тајна дека сонувала за тоа да го прошири семејството со него.


Врската ја обновија во 2012 година, и беа заедно околу една година, пред да стават крај на нивната љубовна врска. Ријана не криеше дека разделбата ѝ паднала тешко, а од друга страна, Браун продолжи да ги „беснее“ и да ги менува девојките. Тој во еден момент беше обвинет и за злоставување, со што стана јасно дека неговата кариера заминала во заборав, додека од друга страна Ријана изгради империја и подоцна почна мирна врска со раперот АСАП Роки со кој го очекува второто дете. 

Поради сето ова, многумина му замеруваат на Крис за лицемерието, и истакнуваат дкеа нема право да се меша во животот на неговата поранешна љубов, особено сега, кога е конечно среќна.

фото: Принтскрин / Јутјуб / Инстаграм

Објавена во: Совети // Boys and Girls

Можеби ќе ве интересира: