BTS: Јужнокорејците што го „срушија“ YouTube!
Јужнокорејците BTS ги срушија сите рекорди на гледаност на YouTube - бројката на прегледи на нивните видеа е неверојатна.
Сигурно веќе знаете дека скратеницата К-поп означува Корејски поп – музички правец што последниве неколку години има огромен број фанови не само во Азија, туку и во САД и Европа. Првото пробивање на светската музичка сцена на овој правец беше во 2012 г. кога Psy со веќе култниот хит Gangnam Style ги сруши сите рекорди на гледаност.
Јужнокорејската поп група BTS која го фасцинираше светот во 2016 г., оваа лето го сруши рекордот на гледаност на YouTube на сите времиња и со тоа ја победи најголемата рекордерка Тејлор Свифт. Спотот за песната „Idol‟ во првите 24 часа од објавувањето беше прегледан повеќе од 45 милиони пати, а за само 4 дена гледаноста порасна на 86 милиони пати, за денес неговата гледаност да е над 195 милиони што е рекордна гледаност постигната за толку кусо време. Рекордот за најголема гледаност до летово го држеше Tејлор Свифт која минататa година со спотот „Look What You Made Me Do‟ во еден ден имаше наd 43 милиони прегледи.
Ова не е прв ваков успех на BTS. Пред половина година со спотот за песната „Fake Love“ само првиот ден од објавувањето имаа скоро 34 милиони прегледи.
Момците периодов се актуелни и по својата турнеја што веќе ја започнаа во САД. Картите за нивните концерти веќе одамна ги нема во продажба, а најскапата карта е продадена дури 3849,38 долари. Оние што не успеале да купат карти навреме, знаат да платат цена за карта и до 800 долари, и уште една споредба со Тејлор Свит, картите за нејзините концерти во САД имаат двојно пониски цени.
BTS е кратенка за Bangtan Sonyeondan односно Bangtan Boys што во превод би значело „извидници отпорни на куршуми‟.