Буба Корели има бурно минато: По пукањето во Сараево повторно се зборува за него - бил осуден поради дрога

Буба Корели има бурно минато: По пукањето во Сараево повторно се зборува за него - бил осуден поради дрога

Објавена во: Живот // Живот

Раперот Амар Хоџиќ, попознат како Буба Корели се огласи по пукањето во Сараево и истакна дека се нашол „во погрешно време на погрешно место“.

Буба корели пред две години беше прогласен за виновен поради кривично дело неовластено производство и ставање во промет опојни дроги.

Хоџиќ и уште едне маж беа обвинети дека од декември 2014 до јуни 2015 година, како членови на организирана група, набавувале и продавале канабис, хашиш и амфетамин на подрачјето на Кантонот Сараево.

Откако се разгледа договорот за признавање на вина, Кантоналниот суд во Сараево го прогласи за виновен и го осуди на една година затвор. Сепак, поради ова злосторство, Хоџиќ веќе отслужи осум месеци, од јуни 2015 година до февруари 2016 година, што беше вклучено во неговата казна.

Меѓутоа, во тоа време постоеше можност тој да го плати преостанатиот дел од затворската казна и сепак да не замине зад решетки.

Големата прашина околу него и неговото минато повторно се крена откако вчера во 16:30 часот се случи пукање во улицата Џемал Биједица во сараевската населба Ступ, во која беа повредени две лица.

Како што тврдат медиумите, во оваа прилика бил застрелан Омар, братучед на Амар Хоџиќ, познат како Буба Корели (31), кој наводно бил во негово друштво. На крајот на краиштата, раперот се огласи со порака порака во која откри дека е „во погрешно време, на погрешно место“.


Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: