„Бубамара“ не ги заборави ни најмладите: Во чии раце завршија наградите за најпопуларна анимирана и детска серија? (ФОТО)

„Бубамара“ не ги заборави ни најмладите: Во чии раце завршија наградите за најпопуларна анимирана и детска серија? (ФОТО)

Една од овие две награди ја додели Петар - Грашок, момчето кое ја освои Македонија...

Вчеравечер се одржа јубилејното 25-то издание на манифестацијата „Златна бубамара на популарноста“. По 25-ти пат, Ранко Бубамара на едно место ги собра македонските уметници, спортисти, ТВ лица на едно место, а слободно може да кажеме дека А1 арената беше претесна за сите останати следачи на оваа манифестација.

Водителот Сашко Коцев и оваа година со своите шеги ја смееше публиката, но тоа го направија и Атанас и Тино. Бубамари добија многу познати уметници од светот на музиката, филмот, театарот, се доделија и наградите за тајни вредности, но она на што ние ќе ставиме акцент се наградите кои ги добија најмладите.

Наградата за „Најпопуларна аниминирана серија“ заврши во рацете на „Светот на Биби“, а особено интересно е тоа што токму оваа награда ја додели Петар - Грашок, момчето кое дефинитивно ја освои целата држава со своите изјави. Во шеговитиот стил на Сашко, тој на сите присутни им порача секогаш да носат резерва бурек на планина.


Наградите за „Најпопуларна детска емисија“ и „Најпопуларен тинејџерски хит“, како и останатите години досега, заврши во рацете на децата од „Дајте музика“, кои на сцената изведоа и неколку од нивните песни.

Доколку ве интересира кои точно уметници, спортисти, ТВ лица добија награди, целата листа може да ја прочитате на Женски магазин.

фото: Вангел Тануровски / Фејсбук

Можеби ќе ве интересира: