“Бумеранг момци“: Како да ги препознаете и зошто да ги избегнувате

“Бумеранг момци“: Како да ги препознаете и зошто да ги избегнувате

Објавена во: Совети // Boys and Girls

Термин за кој можеби не сте чуле, но во кој сигурно би можеле да препознаете некои момци кои досега ви биле во животот - „Бумеранг момците“ ќе ги препознаете по неколку карактеристики. И веќе ќе ви биде јасно дека ова не е момчето што го сакате во животот.

Овие момци ќе ви донесат болка, скршено срце, ќе ве изнервираат и ќе ве налутат. Вам навистина не ви треба тоа. 

Откријте ги навреме 7-те карактеристики што ги имаат овие момци и избегнете ги, бидејќи ништо добро нема да дојде со нив.

1. Врската со нив не води никаде

Нема смисла да стапите во врска со момци како нив, затоа што ним не им е грижа со кого се во врска, туку само да се со некој што ќе ги обожава и секогаш ќе биде таму за нив, кога тие сакаат. Тој ќе се појави и брзо ќе исчезне од вашиот живот. И, токму кога ќе почнете да се чувствувате подобро откако ќе ви го скршат срцето, тие некако повторно ќе се најдат во вашиот живот и ќе се обидат да ве маѓепсаат. И така постојано од нула. Оттука и името „бумеранг“ момци затоа што исто како бумеранг секогаш се враќаат. Ќе ве убедуваат дека се смениле, тоа е само трик да ве намамат. 

2. Тие се себични

Само тие се важни. Она што го сакате и како сакате, за нив не постои. Тие сакаат сè да биде секогаш како што треба за нив, за тие да бидат задоволни, па дури и ако искажете незадоволство од тоа, од нивното однесување ќе ви биде јасно дека тоа не им пречи премногу.

3. Не можете да се потпрете на нив

Ако сакате некој да ве „исшутира“ во последен момент од договорот , тогаш момчето бумеранг е вистинскиот избор за вас. Тие не ценат никого за време и затоа нема да имаат проблем да ги откажат договорите во последен момент, а понекогаш може дури и да не одговорат, едноставно нема да се појават.

4. Тие се незрели

Тешко е да се очекува момците во средно училиште да бидат сериозни и зрели, но „бумеранг момците“ се полоши од повеќето. Овие се оние момци кои се однесуваат како да имаат 5 години и се многу иритирачки со незрелите работи што ги прават, а што ги тера да мислат дека се екстремно кул.

5. Можно е да имаат повеќе од една девојка истовремено

Дечки како нив секогаш сакаат да имаат план Б подготвен, кога станува збор за девојчиња. Тој веројатно е во комуникација со неколку девојчиња во исто време, што можете да препознаете по тоа колку заштитно се однесува кон неговиот мобилен телефон, особено кога sвони или вибрира. 

6. Тој не ве почитува

Зошто би толерирале дечко кој смета дека е во ред да го откажете договорот во последен момент или кој ќе ве повика и ќе сака да ве види само кога му е здодевно? Без оглед колку ве привлекува, ако видите дека тој не ве почитува дури и преку малите нешта, не останувајте во таков однос. Со оглед на тоа што ги имаат сите квалитети што ги споменавме порано, непочитувањето не е толку изненадувачки “додаток“.

7. Тој се однесува со вас како вие да треба да бидете среќени само затоа што тој е со вас

Тој мисли дека треба да бидете среќни и благодарни затоа што тој ве одбра како девојка со која ќе го видат. Тој е полн со себе иако нема причина за тоа, што е само друга карактеристика со која ќе откриете дека тој е „бумеранг момче“.


извор:teen385

Објавена во: Совети // Boys and Girls

Можеби ќе ве интересира: