Цеца го промени имиџот: Сега блеска, а еве и во друштво на кој маж
Музичката ѕвезда Светлана Цеца Ражнатовиќ на Инстаграм сподели видео на кое се гледа дека е на ручек во еден белградски локал, а за оваа прилика посебно се дотера.
Иако многумина сега можеби ќе очекуваат дека друштво и правеше нејзиното момче Богдан Срејовиќ, со кого е во врска неколку месеци, Цеца спепак се рекласираше покрај соработникот и долгогодишниот пријател Сретен Радовиќ.
За промена, имаше поинаква фризура, па наместо рамната и права коса тука беа локните, а со потоплото време, секако и гардеробата претрпе промени, па го покажа своето деколте... За оваа дневна варијанта пејачката имаше и поблаги тонови, кога е шминката во прашање.
Околу нив во затворенената просторија немаше никој, па можеа да се опуштат и да наздравуваат со вино.