Цеца и Анастасија ја открија вистината за заедничкиот бизнис: Навистина ли заработиле 100.000 евра?!
Ги здружија силите...
Пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ и нејзината ќерка Анастаисја, наводно започнале да заработуваат многу пари од новиот бизнис, а станува збор за рекламирање на производи преку Инстаграм.
За последната реклама наводно земале 100.000 евра.
„Цеца и Анастасија и порано учествуваа во бројни кампањи, но сфатија дека заработката се зголемува доколку еден производ рекламираат заедно. По последните преговори се договорија да рекламираат производ за 100.000 евра. Бидејќи и двете заедно имаат два милиони следбеници, само една објава може да им донесе 10.000 евра, па на крајот излегува дека дале и попуст“ - открива извор близок на семејството Ражнатовиќ.
Сепак, Цеца и нејзината наследничка тврдат дека парите кои ги земале не се ни близу цифрата за која се зборува.
„Тоа не е вистина, убаво би било да е така“ - проментираа за српските медиуми.