Цеца ја шокираше јавноста: Анастасија Ражнатовиќ одбила да сними дует со својата мајка
Анастасија Ражнатовиќ одбила да сними дует со својата мајка Цеца. Иако сите сакаат да го вкрстат гласот со една од најголемите музички ѕвезди, младата пејачка не го сака тоа.
Оваа тајна ја откри самата Цеца.
„Не постои никакво навестување дека ќе снимам дует со Анастасија. Јас сакам, но таа не сака дует. Можеби ќе се предомисли. Можеби сепак ќе имам среќа“ - изјави Цеца во емисијата „Премијера викенд специјал“.
Таа додаде дека се надева дека Анастасија ќе се предомисли некогаш.
„Сѐ уште е млада таа на естрадата и потполно е свесна дека е на почетокот на кариерата. Ма, не одбивам јас, одбива таа. Не е до мене. Имав некоја песна и ѝ велам: „Супер би било да снимиме јас и ти дует“, а таа ми врати: „Не, мислам дека сѐ уште не е време за јас и ти да работиме на дует“. Таа е скромна девојка. Постојано се консултирам и со неа и со Вељко. И таа со мене, одиме заедно во студио. Таа е активна, вредна“ - ја пофали, за на крајот да каже дека таа ѝ е најголем критичар.