Цеца кој и како ѝ го дал епитот „Српска мајка“: Тоа ми беше скандал

Цеца кој и како ѝ го дал епитот „Српска мајка“: Тоа ми беше скандал

Објавена во: Живот // Живот

„Сега веќе се навикнав, многу убав комплимент е“ - вели пејачката за својот прекар.

Пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ откри како го добила епитот „Српска мајка“, кој на почетокот, како што признава, не ѝ се допаѓал.

„Мене публиката ми го наметна епитот „Српска мајка“, јас имав 26 години кога ми го наметнаа тој епитот. Тогаш тоа ми беше скандал, а сега веќе се навикнав, многу убав комплимент е. Некои се бунтуваат поради мојот прекар, но тоа зборува за нивниот банален пристап. Осудите ги доживувам како здодевни, прездодевни ми се, како не се уморија, имаат ли луѓето животи? Мене естрадата ме интересира само кога сум на сцена. Јас имам живот, имам со кој да се дружам, имам други интереси, јас не се занимавам со естрада, мене фокусот на естрадата ми е додека да го обработам концеротот, имам интензивен приватен живот, на кој сум посветена, големо семејство, замисли да ја трошам енергијата на луѓе кои не ми се ништо“ - кажа Цеца, а потоа откри зошто во Црна Гора не замина со момчето Богдан Срејовиќ.

„Богдан е зрел човек со свои обврски. Воопшто не сака да се експонира и да оди со мене на моите настапи. Ние функционираме одлично. Богдан добро знае со кој е и не му пречи што сум толку изложена на јавноста. Ние прво се дружевме и од тоа дружење произлезе една убава приказна“ - вели Ражнатовиќ.


Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: