ЦЕЦА ПРИЗНА: „Богдан не можеше да ме промени“

ЦЕЦА ПРИЗНА: „Богдан не можеше да ме промени“

Објавена во: Живот // Живот

Веста дека Цеца Ражнатовиќ и Богдан Срејовиќ ставиле точка на врската по една година ја разбранува јавноста, а и двајцата порачаа дека ќе останат пријатели засекогаш.

Цеца пред неколку недели отворено ја коментираше нивната врска.

- Тешко е сега нешто да ме промени, бидејќи јас сум формирана личност, а и тој. Нашата врска се заснова на љубов, доверба и компромис, бидејќи без компромис не се може, нема еднонасочна улица. Јас сум зрела, стабилна личност, и тој е таков и не ни е тешко да функционираме. Тој многу добро знае со кого е во врска, знам и што сака, што не сака и многу сум среќна. Смирена сум, среќна и задоволна, а тој мир нема цена – изјави тогаш за „Пинк“, па откри зошто не сака повторно да стапне на „лудиот камен“.

- Не морам ништо да бркам. Реализирана сум како мајка, што ми е најважно во животот и таа хартија не ми значи ништо за да функционира врската. И тој има брак и дете позади себе, ниту брка некои работи, сега да основа семејство и да очекува деца, па ни јас... Само ни се допаѓа што сме заедно, што поминуваме толку време заедно, да си го разубавиме животот, секојдневието, а таа хартија апсолутно нема да ми ја надогради врската, ниту да донесе нешто поубаво, поново - изјави таа во таа прилика.


Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: