Цеца Ражнатовиќ ја поткачи Карлеуша: Не е поентата да викаш на кандидатите и да ги расплачеш

Цеца Ражнатовиќ ја поткачи Карлеуша: Не е поентата да викаш на кандидатите и да ги расплачеш

Објавена во: Живот // Живот

На почетокто на септември како бомба одекна веста дека ќе има голема промена во новата сезона на „Ѕвездите на Гранд“, која започна на 18 септември. Имено, оваа година Јелена Карлеуша не е дел од жирито, бидејќи на нејзино место дојде Светлана Цеца Ражнатовиќ, која на почетокто на месецот се изјасни за целиот настан.

„Немаше земјотресот. Имаше голема понуда и взаемна добра волја да се подигне едно музичко натпреварување на уште повисоко ниво и дополнително да се популаризира. Со сето тоа, со заедничка сила и искуства, формираме нови лица на музичката сцена. Преговорите траеја извесно време, а ние ги конкретизиравме дури вчера. Не сакав да зборувам за тоа јавно додека не се потпише договорот, штом тоа беше направено, продукцијата излезе со својата објава. Имам искуство на натпревари, прво самата учествував на нив и се борев за првите места, а потоа кога со текот на години направив кариерата станав дел од „Ѕвездите на Пинк“. Искрено, носам одлични впечатоци од тоа натпреварување“ - рече Цеца, и откри кој е „виновен“ што таа е дел од жирито:

„Судбината. Шегата на страна. Интересот на менаџментот на Гранд продукцијата и отворените и фер преговори, резултираа со потпишување на договорот.“

Пејачката откри дека ќе биде дел од проектот во следните три години, и откри дали ќе биде строга кон кандидатите.

„Не можам да одам против моите принципи на кои се придржував со години. Тоа е дека може да се каже мислењето за тоа како некој пее, и дека тоа треба да биде културно и убаво формулирано, но дека никогаш не треба да се засрами некој или јавно да се изложи на потсмев. Тоа се млади луѓе кои немаат доволно искуство на сцената, дури ни пред камера, а особено не кога пред нив седат речиси десет луѓе кои треба да ги оценат. Притоа, тие собираат многу храброст да пробаат нешто и да се изборат за подобро утре. Поентата на натпреварот не  е некој да плаче на сцената, да вика по кандидатите и да ги омаловажува. Едно натпреварувачко шоу, како што многумина го нарекуваат, треба да влијае кандидатот да биде уште подобар во секој нареден круг. И на крајот, треба да победи оној што работел најмногу или има најголем талент. Ќе се обидам да го имплементирам моето знаење и сè што научив во текот на триесет години од мојата кариера на овој натпревар. Мислам дека ќе бидеме искрени, ако погледнете некоја странска програма од овој тип, ќе видите дека е така“ - изјави пејачката за Блиц.

На крајот, пејачката посочи дека смета дека добро ќе се сложува со другите членови на жирито, и дека никогаш немала конфликти со нив, туку дека секогаш добивала само комплименти.


Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: