Цеца Ражнатовиќ откри што не купува никогаш: Тоа секогаш го позајмувам од Анастасија
Една од најпознатите српски пејачки не сака да троши пари на нешто за што смета дека не ѝ треба...
Цеца Ражнатовиќ пред извесно време уживаше на Копаоник со својот внук Жељко, но како што призна, не е некој кој премногу сака снег.
„Јас сум тип кој на зима со задоволство би гледал од прозорец, но Жељко ме натера да ги почувствувам целата зимска магија и многу убаво се забавував“ - призна Цеца.
Во врска со тоа, пејачката не сака да купува облека за на снег, туку секогаш позајмува од ќерката Анастасија.
„Затоа што не ме гледате во облека за скијање, тоа е затоа што не ја поседувам. Немам. Не постои како парче облека во мојот гардеробер. Она што го носев на Копаоник е на Анастасија и бев среќна што ми одговара, јас на тоа не трошам пари, бидејќи не ми е потребно“ - кажа Цеца во „Ceca show“ и додаде:
„Дали некогаш сум посакала да застанам на скии? Па кога од некое топло кафуле ги гледам скијачите велам блазе си им, тоа е супер за телото. Но, кога би требало јас да се осмелам да застанам на скии и да ја чекам онаа жичара, да се смрзнувам, не ми паѓа на ум, не сум тип за тоа. Ако е некое добро шегување со друштвото би можела на санка. На борд никогаш не би се качила. Бордот го доживував како мојот обид на Малдивите за да застанам на даска, па паднав и излегов крвава од морето. Е, најверојатно би ја влечела едната нога кога би паднала од борд“.
фото: Принтскрин / Инстаграм