Цеца Ражнатовиќ за менопаузата: Тема за која ретко се зборува во јавноста
Цеца Ражнатовиќ не спаѓа во групата на оние дами кои ги кријат своите години. Таа се грижи за себе, редовно се негува, внимава каква храна внесува во своето тело, така што девојките кои се двојно помлади можат да само ѝ завидуваат на изгледот.
„Темпото на живот што го водиме ние пејачите е многу различно од она на луѓето кои работат други професии. Последниве месеци ми се случува кога ќе дојдам од концерт да е веќе пет часот наутро, па тогаш ми е потребно спиење. Наутро постојат правила на кои се придржувам со години, тоа е таа утринска рутина, кога се миете, ја хидрирате кожата, а потоа може да започнете со појадокот, утринското кафе и денот“ - изјави Цеца, која истакна дека не е оптоварена со стареењето, но исто така смета дека психотерапијата е корисна.
„Засега не размислувам за менопаузата. А, што се однесува до психата, мислам дека разговорот со психотерапевт не е кошмар. Тие се професионалци кои можат да ни дадат храброст да се чувствуваме подобро и да направат добри работи за нас преку разговор. Мене животот ме носеше од непријатно до несакано, но некако секогаш успевав да го најдам најдоброто можно решение со себе. Покрај тоа, имав поддршка од пријателите, а особено од моето семејство“ - изјави Цеца за „Нај жену“ и откри што ѝ донесе врската со девет години помладиот Богдан Срејовиќ.
„Сè она што може да ѝ донесе на една жена врската со личноста која ја разбира и поддржува во сите области на животот. Тоа е реткост денес“ - вели Цеца.