Цеца си ја отвори душата: Од мајка ѝ научила едно нешто, а на ова морале да се навикнат Вељко и Анастасија
Пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ никогаш не открила дали ги завршува домашните обврски, како готвење, бришење на прашина, но и како изгледа нејзиниот живот кога ќе се изгаснат камерите.
„Мојата мајка инсистираше на тоа Лидија и јас на време да научиме сѐ што се однесува до тоа, но сега би излажала доколку кажам дека тоа го правам. Не уживам во тоа, ниту ме интересира. Да се разбереме, доколку морам, секако дека би го правела тоа. Ништо од тоа не ми е непознато, туку просто, имам можност за избор“ - вели таа.
Пејачката откри и како изгледа нејзиниот живот во зад ѕидовите од нејзиниот дом.
„Лидија и јас, како и нашите деца, сме многу поврзани. Ние сме големо и компактно семејство кое живее заедно и така функционираме со години. Дали е тука мама или тета во моментот кога треба да се донесе некоја одлука, не е важно. На ист начин функционираат и моите деца. Кај нас сѐ е спонтано и опуштено.“
На крајот, пејачката откри и дали ги проверува своите деца и денес, кога се возрасни личности, кои имаат свои животи.
„Тие се мои деца доживотно и веќе се навикнаа на тоа. Кога беа тинејџери се бунтуваа, а сега знаат дека кога ќе им се јавам дека е подобро да ми се јават, отколку да бидам упорно додека не ги добијам.“