Цел ден гледаш во екранот на мобилниот телефон: Влијае ли тоа на твоето ментално здравје?
Дали честото користење на мобилниот телефон е толку штетно како што ти зборуваат родителите?
Изгледа дека не! Иако сигурно и тебе сите возрасни ти зборуваат да се тргнеш малку од екранот и дека премногу гледаш во него, всушност со тоа не правиш ништо лошо за твоето ментално здравје. Научници од Оксфорд сега и го докажаа тоа.
Секогаш прекумерното користење на мобилниот телефон или ТВ - уредот се поврзувало со влијанието врз менталното здравје на младите, но сега е докажано дека тоа не е вистина. Затоа што цел ден си пред екраните, тоа нема да ја зголеми шансата да западнеш во депресија или да имаш емоционални проблеми или проблеми со однесувањето. Тоа ќе влијае на други начини по твоето здравје, но не на овој.
Ова истражување беше важно за науката, бидејќи младите денес поминуваат сè повеќе време пред екраните, во просек над 6 часа на ден, пишува metro.co.uk. Комбинацијата на развојот на технологиите и појавата на коронавирусот влијаеше оваа бројка да скокне многу во последната година. Како и секогаш, родителите се загрижени за ова, затоа што стравуваат дека прекумерното гледаше во екраните лошо влијае на нивните деца. Научниците од Оксфорд пронајдоа докази дека тоа не е точно. Сè повеќе истражувања се прават на оваа тема. Овој пат, тие проучиваа дали постои врска помеѓу поминувањето на повеќе време на социјалните мрежи и пред екраните со депресијата или некои други емотивни проблеми, како и проблематични однесувања, а одговорот е не. Можеби тоа било случај порано, но не и денес.
фото: Makarovada / Shutterstock