Цел свет не може да ѝ се изнагледа на убавината: Ќерката на Моника Белучи е слика и прилика на мајка си (ФОТО)

Цел свет не може да ѝ се изнагледа на убавината: Ќерката на Моника Белучи е слика и прилика на мајка си (ФОТО)

Моника Белучи се уште важи за извонредна убавица, а нејзината ќерка тргна по стапките на нејзината мајка. Она што е особено интересно е што сличноста помеѓу мајката и ќерката е неверојатна.

Моника Белучи од бракот со Винсент Касел ја има ќерката Дева Касел, која ја започна својата професионална кариера како модел и манекенка.

Младата манекенка неодамна позираше за познатата модна куќа Долче и Габана, а случајно и нејзината позната мајка кариерата ја започна работејќи со овој бренд.


Кога Дева ги снимаше кампањите за прв пат, ја поддржаа нејзините родители, кои потоа покажаа дека се во одлични односи по разводот, по 14 години брак. 


Дева има и помала сестра Леони, а сестрите често го поминуваат времето заедно со својот татко и неговото ново семејство. Винсент Касел сега е во брак со манекенката Тина Кунаки, со која се појавија на 75. Кански филмски фестивал. Овој пар ја има ќерката Амазонија, а живеат во Бразил.

Винсент и Тина се во брак од 2016 година, а се запознале на Ибица кога француската манекенка имала само 19 години! Се шпекулира дека токму поради убавата Тина Винсент ја остави италијанската актерка Моника Белучи со која помина 18 години и има две деца.

Бројните коментари велат дека Дева неодоливо потсетува на својата мајка, но има и такви кои мислат дека таа сепак малку личи на својот татко. Проценете сами на кого личи оваа убавица.



извор:zneskikutak

Можеби ќе ве интересира: