Цел живот погрешно јадеме чоколадо: Како потполно да уживате во неговиот вкус?
Голем број луѓе на чоколадото му пристапуваат на „лаком начин“ - во желба набрзина да добиеме што поголемо задоволство, чоколадото го јадеме за минути. Џенифер Ерл е експерт за чоколадо со други идеи.
Дури и по изеден тон чоколадо, повеќето луѓе погрешно пристапуваат кон тој врвен десерт, тврди Џенифер Ерл, експерт за слатки или „експерт за чоколадо“. Имено, оваа Британка и основач на Chocolate Ecstasy Tours го откри најдобриот начин за јадење чоколадо во пресрет на празниците.
При дегустација и избор на најдобро чоколадо, Ерл советува да не јадете, пиете или избегнувате носење парфем и крем за раце 20 минути пред тоа, бидејќи тоа може да ја „замагли вашата проценка“, пренесува Дејли меил.
„Најважно кога пробувате чоколадо е да му пристапите полека и смислено. Пред да каснете, откинете парче и почувствувајте го мирисот, бидејќи тогаш неговите ароми се испуштаат во воздухот“ - истакнува таа, објаснувајќи дека повеќе нема да мириса исто откако ќе го пробате.
После тоа, само започнете да јадете, но не џвакајте, финтата е да цицате парче по парче, така што плунката полека ќе го раствора тоа слатко богатство.
„Цицајќи го, треба да добиете поинаков вкус на почетокот, на средина и на крајот“ - додава таа.
Ако организирате вечера, постојат многу начини да го зачините вашиот дел од чоколадо, вели Џенифер.
„Обидете се да го послужите чоколадото како солено канапе или како дел од чинија за сирење. Чоколадото всушност работи одлично со сирењето - вклучително и растителни сирења. Не плашете се да експериментирате“ - советува таа.
Таа вели дека најдобрите гастрономски соединенија се со босилек и домати, па дури и модар патлиџан, а лесен начин да ги комбинирате е да изрендате вкусно темно чоколадо на нив.
Ако сепак сакате да избегнете прејадување на чоколадо, најдобар начин е да го избегнете купувањето на ефтини и со понизок квалитет чоколади и да ги купите оние со висока содржина на какао.
„Ако успеете да направите повремена пауза (барем неколку минути) додека јадете врвно чоколадо со висока содржина на какао, всушност е прилично тешко да се јаде премногу“ - вели Ерл.
Кул работа е што какаото е полно со витамини и минерали, така што тој всушност испраќа сигнали до вашиот мозок за да ве известат дека сте сити пред да јадете премногу.