Цела е на тато: Хари и Меган објавија фотки од првиот роденден на малата Лилибет

Цела е на тато: Хари и Меган објавија фотки од првиот роденден на малата Лилибет

Објавена во: Совети // Семејство

Лилибет Дајана, второто дете на Меган и Хари го прослави својот прв роденден, а двојката реши за таа прилика да објави фотки.

Минатата пролет, војвотката од Сасекс Меган Маркл, сопругата на принцот Хари, го роди нивното второ дете - девојче по име Лилибет, име добиено по бабата на Хари и кралица Елизабета Втора.

Оттогаш Хари и Меган само еднаш ја покажаа својата ќерка, а сега решија повторно да ѝ покажат на планетата како изгледа нивната сакана.


Фотографијата на малата Лилибет е направена на интимна семејна прослава по повод нејзиниот роденден на имотот „Фрогмор котиџ“ во Англија, за време на престојот на семејството во Европа за одбележувањето на платинестиот јубилеј на кралицата Елизабета.

Ја направил Мисан Хариман, пријател на семејството, а на фотографијата ја гледаме Лилибет во светло син фустан и со машна на главата, како седи во тревата насмеана.

На прв поглед е јасно дека девојчето повеќе личи на својот татко од кој ја наследило црвената коса и обликот на лице, исто како и нејзиниот постар брат Арчи.


Тие, инаку, претпочитаат да го спасат своето семејство од медиумското внимание уште од раѓањето на нивното прво дете, па Арчи досега го покажаа само неколку пати, а Лилибет сега ја гледаме по втор пат.

Како што истакна Меган во интервју за Опра, неименувана личност во британското кралско семејство изразила загриженост за тоа како ќе изгледаат нивните деца, наводно поради расистички мотиви, бидејќи мајката на Меган е Афроамериканка.


Лилибет го прославила својот прв роденден на „лежерен и интимен пикник во дворот“, кој бил организиран за блиски пријатели и членови на семејството, а британските медиуми пишуваат дека биле поканети и принцот Вилијам и Кејт Мидлтон, но не се појавиле на прославата бидејќи имале обврски.


Извор: glossy.espreso.co.rs


Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: