Цела планета занеме кога слушна: Хари и Меган пристигнуваат во Велика Британија, а за кралицата имаат посебно барање
Меган Маркл и принцот Хари планираат да ја посетат Велика Британија, а бараат и состанок со кралицата Елизабета Втора.
Поминаа неколку месеци откако го влечеа своето кралско семејство низ вистински медиумски линч - од критиките до принцот Чарлс, преку обвинувањата за расизам и вадењето на „валкани алишта“ - принцот Хари и Меган Маркл се подготвени за патување во Велика Британија.
Една од најпознатите (можеби најконтроверзните) двојки во светот сака да ја види кралицата Елизабета, а нивните планови воопшто не се наивни. Имено, тие се надеваат дека ќе ја крстат својата ќерка Лилибет Дијана во замокот Виндзор, пишува The Sun.
Сето ова ги шокираше вработените во палатата.
„Хари и Меган излегоа со оваа понуда и луѓето беа шокирани од таа дрскост. Можеби навистина сакаат да ја видат кралицата, но тоа е неверојатно со оглед на тоа низ што помина таа оваа година поради нив“ - рекол изворот за медиумите.
Палатата сè уште не одговорила на нивното барање.
Иако „на кралицата Хари ѝ е многу драг и би сакала да ги види Лилибет и Арчи“, како што се наведува, овој потег многумина изненади, особено кога ќе се земе предвид сè што се случи со Меган.
фото: PROFIMEDIA