Цело време ја виткаме косата на погрешен начин: Трикот е во еден потег што го правиме погрешно (ВИДЕО)

Цело време ја виткаме косата на погрешен начин: Трикот е во еден потег што го правиме погрешно (ВИДЕО)

Објавена во: Мода // Moj стил

Сега, локните најверојатно ќе ти бидат поубави од порано...

Секоја девојка која досега се обидувала да ја извитка косата со пегла, знае колкав кошмар е тоа. Потребна ви е пракса и вештина за да ја доведете косата до совршенство, но очигледно цело време правиме погрешни потези со пеглата кога се обидуваме за направиме локни.

Фигарото е многу поедноставна алатка со која може убаво да се извитка косата. Но, сите немаат фигаро, па девојките често користат и пегли, само што со неа е многу потешко од тоа што изгледа. Поради едно видео дојдовме до заклучок дека цело време погрешно ја виткаме косата со пегла, односно правиме погрешни потези кои не вродуваат со плод. Една девојка го откри вистинскиот начин за тоа како можеш да ја извиткаш косата со пегла, а тајната е во еден потег, кој сите го правиме погрешно.

@mags_a_million messy buns aren’t my only specialty #messybun #hair #curlyhair original sound - Maggie Kemp

Имено, наместо праменот коса веднаш да го притиснеме со пеглата, би требало пеглата да се стави на таа одредена позиција со праменот на неа, но не и веднаш да се притисне на косата. Кога пеглата ќе биде полуотворена, направи кружен потег за 180 степени и тогаш притисни ја и потекни ја низ целиот прамен. Кога малку подобро ќе размислиме, таа техника ја користат и фризерките кога ја виткаат косата со пегла, само што ние тоа сме го правеле на погрешен начин.


Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: