Цело време погрешно го изговараме името на Клои Кардашијан: И мама Крис посочи на грешката
Сигурно и ти го изговараш погрешно...
Очигледно е дека не го следиме доволно шоуто „Во чекор со Кардашијанс“, бидејќи излегува дека не знаеме како всушност се изговара името на една од сестрите - Клои. Крис Џенер го потврди тоа дури сега. Се прашуваме зошто молчеше сѐ досега?
Како ти го изговараш нејзиното име? Дали си со нас и целиот свет кој го читаат „Клои“ со нагласог на првиот слог? Доколку си, тогаш ти честитаме и ти не знаеш како се изговара нејзиното име. Самата Крис Џенер тоа го потврди неодамна. Во емисијата на Џими Фалон гостуваше Енди Кохен кој го нагласи тоа, а неговото објаснува веднаш го потврди и Крис. Наместо „Клои“, всушност се чита „Клоеј“ со нагласок на вториот слог.
Нејзиното име правилно се пишува Khloѐ, со цртичка над последната буква „е“, што има големо влијание кај изговорот. Поради тој нагласок, кој често е игнориран, дојде до тоа нејзиното име да се чита погрешно. Грешката не е голема и Клои околу тоа изгледа дека воопшто не се замара, но правилно е да се стави нагласокот на последната буква, што го променува целиот изговор. Доколку некогаш ја запознаеш Клои, сега ќе знае како правилно да ѝ се обратиш.