ЦЕЛОСНА ОНЛАЈН НАСТАВА НА СИТЕ УНИВЕРЗИТЕТИ: Економскиот факултет одржа пробна настава уште денеска

ЦЕЛОСНА ОНЛАЈН НАСТАВА НА СИТЕ УНИВЕРЗИТЕТИ: Економскиот факултет одржа пробна настава уште денеска

Објавена во: Совети // School zone

Универзитетите се подготвени од понеделник да ја започнат наставата онлајн, информираа министерот за образование Арбр Адеми и двајцата ректори, Никола Јанкуловски на УКИМ, како и Томе Неновски, претставник на приватните универзитети.

Министерот Адеми напомена дека ваквата форма на едукација е најприменлива за студентите бидејќи тие многу лесно се снаоѓаат со новата современа информатичка технологија, и најважно што нема да се наруши воспитно образовниот процес. Ректорот, Никола Јанкуловски истакна дека веќе во функција се неколку платформи за далечинско учење, нагласувајќи дека ќе нема никакви проблеми да се следи наставата барем за студентите кои се на додипломски студии. Ректорот Томе Неновски, пак, нагласи дека на приватните универзитети непречено ќе се одвива колоквиумската недела, секако онлај.

-Во изминатиов период не седевме со скрстени раце, ги презедовме сите мерки за да непречено ја организираме колоквиумската недела. Најверојатно ова е почеток на нова ера во високото образование во нашата земја.

Инаку, наставата е веќе почната на неколку факултети. Првите пробни предавања на економскиот факултет почнаа уште во текот на вчерашниот ден.

-На економскиот факултет наставата се одвива преку алатката Google Hangout, одлично функционира. Пробно предавање имавме и вчера, но и денеска, а официјално започнуваме од утре, односно од 20. Оваа алатка овозможува непречен тек на наставата бидејќи студентите може да слушаат предавања од страна на професор како и да следи презентација која тој ја прикажува. Предавањата се одвиваат според регуларниот распоред. Ова дава можности за дискусии, за изнесување ставови, мислења и практично е целосен интерактивен начин на настава, вели студентката Марта Чадиковска, член на Комисијата за настава на Универзитетското студентско собрание на УКИМ.

А.Б

Објавена во: Совети // School zone

Можеби ќе ве интересира: