Чарли Д'Амелио по долго време е во врска: Нејзиното момче е син на познат музичар (ФОТО)
Само што ја започнаа врската...
Многу ретко се случува познатите да завршат во врска со личности кои не се вклучени во јавниот живот. Освен што им е потешко да запознаат „обични луѓе“, тешко им е и да одржуваат таква врска. Доколку си позната личност како Чарли, можеш да очекуваш дека врската ќе ти биде под светлата на рефлекторите.
Чарли по долго време како слободна девојка, започна љубовна врска. Порано беше во врска со ТикТокерот Чес Хадсон, но по гласините дека ја изневерува, врската пукна. Дали гласините беа точни или не, не се знае, но тие двајца останаа пријатели и по разделбата. Сега, извор близок на Чарли за „People“ откри дека почнала да се гледа со некој. Сега момче ѝ е Ландон Баркер, синот на тапанарот на бендот „Блинк 182“, Тревис Баркер, или сега попознат како сопругот на Кортни Кардашијан.
Врската им е на почетокот и најверојатно затоа ниту едниот ниту другиот уште не сака премногу да зборува за неа или да става заеднички објави. Двајцата имаат по 18 години и се ѕвезди на ТикТок, а наводно се дружат од минатото лето. Дефинитивно изгледаат како сладок пар. Сега само чекаме Чарли да почне да се дружи со членовите на семејството Кардашијан - Џенер.
фото: Принтскрин / Инстаграм