Чарли Д'Амелио покажа колку малата трансформација на косата може да направи голема промена во изгледот (ФОТО)

Чарли Д'Амелио покажа колку малата трансформација на косата може да направи голема промена во изгледот (ФОТО)

Објавена во: Мода // Moj стил

Чарли малку ја промени фризурата и воодушеви со новиот изглед...

Промената на фризурата на сите девојки им е една од најдрагите промени во изгледот. Лесно е да се направи нешто сосема поинаку и без многу да се ризикува, бидејќи и да не испадне добро, косата повторно ќе порасне.

Чарли имаше долга кафена коса, која сега веќе ѝ стана заштитен знак. Овие неколку години, колку што е популарна, се држи до истата фризура и не ризикува многу со неа. Зошто да менува нешто што е добро? За разлика од многу други познати ѕвезди од социјалните мрежи, Чарли му е верна на својот изглед. Но, сепак, овој пат направи мала промена, кога е нејзината фризура во прашање и ни покажа на сите коклу една ситница може да го промени целокупни изглед. Во овој случај таа ситница се шишките.

Оваа ризичка фризура за која сите секогаш мислиме дека е добра идеја, додека не ја направиме и сфатиме дека само сме си го закомплицираме животот. Сега кога видовме колку добро ѝ стојат на Чарли, сигурно многу девојки ќе почнат да размислуваат за нив. И шишките се добра идеја! Супер едноставен начин за промена во изгледот, а без многу да се крати косата.

Чарли направи малку поинакви шишки, популарните „curtain bangs“, само ги носи на поинаков начин од девојките пред некое време. Додека сите ги виткаат, Чарли ги носи рамни, испеглани. Колку тоа ѝ го променило изгледот најдобро може да се види кога ќе се спореди со некоја фотка, направена кога уште ги нема.

Дефинитивно одлично ѝ стои новата фризура, а ако и ти сега почна да размислуваш за вакви шишки, зошто да не си ги направиш. Многу е полесно да се одржуваат од обичните шишки, а и кога се носат вака прави, не е тешко ниту да се стилизираат.

фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: