Чарли Д'Амелио со причина не ги едитира несовршеностите на лицето: „Се трудам да се сакам себе“
Чарли Д'Амелио е свесна за своето влијае кое го има на тинејџерите и поради тоа отворено зборува за проблемите кои ги има со кожата на своето лице и објаснува зошто решила да не ги едитира фотографиите.
„Ми требаше многу време за да почнам да се чувствувам удобно во сопствената кожа. Се трудам да се сакам себе, дури и кога кожата не ми изгледа добро“ - објаснува таа.
Иако е една од најпопуларните ѕвезди на ТикТок таа нема проблем да ја покаже својата природна текстура на кожата.
Чарли и порано на своите следбеници отворено им зборуваше за состојбата на својата кожа и така покажа дека и таа е само една обична тинејџерка. Нејзините обожавателите поради нејзината отвореност и искреност уште повеќе ја почитуваат.
Акните се навистина чести, особено кај тинејџерите, поради промените во нивото на хормони за време на пубертетот. Иако нема лек, тие може да се контролираат со одредени третмани. Чарли е една од ретките ѕвезди кои го покажуваат своето лице такво какво што е, а тинејџерките можат да видат дека ниту големите ѕвезди не ги избегнале овие пробелми.
Акните не треба да не нервираат и да бидат причина да се чувствуваме несигурни. Напротив, мора да бидеме задоволни со себе такви какви што сме и нереалните совршенства презентирани на социјалните мрежи секогаш може да се следат со доза на сомнеж.
фото: Принтскрин / Инстаграм