Четиригодишната Лиза загинала во нападот на укранскиот град: Мајката ги снимила последните моменти (ВИДЕО)
Четиригодишната Лиза Дмитријева загинала, а нејзината мајка била тешко повредена откако ракетите го погодиле градот во кој живееле во централна Украина, пренесуваат медиумите. Украинците ја обвинија Русија за нападот на градот Виница, кој се наоѓа 268 километри југозападно од Киев. Како што тврдат Украинците, во нападот загинале најмалку 23 луѓе, вклучувајќи 3 деца, додека повеќе до 100 се ранети.
Министерството за одбрана на Украина на социјалните мрежи објави видео кое ги покажува „последните минути од животот на Лиза Дмитријева“, која имала Даунов синдром.
„За време на рускиот напад на Виница на 14 јули, малото девојче Лиза загина од експлозија. Нејзината мајка Ириша ја однеле во болница со откината нога. На профилите на социјалните мрежи на Ирина има видео во кое мајката ги снимила последните минути од животот на својата ќерка“ - пишува во Твитот на министерството, заедно со видеото од девојчето, пренесува „Sky News“.
During the russian terrorist attack on Vinnytsia on July 14, a little girl named Lisa died from the explosion. Her mother Iryna was taken to the hospital with her leg torn off. Iryna’s page on social media captures last minutes of her daughter’s life. pic.twitter.com/bJWz2h8eIJ
— Defence of Ukraine (@DefenceU) July 14, 2022
Дека девојчето загинала, а мајката е повредена потврдила и генералната директорка на издавачката куќа „Картел“, Ирина Асман во која работела мајката.
„Денес во Виница, нашата вработена Ириша Дмитријева и нејзината млада ќерка биле во епицентарот на гранатирањето. Девојчето загинало на лице место... Ириша е во критична состојба на интензивна нега. Голема тага, многу солзи... Повеќе немам сила“ - напишала таа.
This is little Liza. She had Down's Syndrome, and was returning from a speech therapy session with her mother when she was killed in the Russian missile strike on Vinnytsia pic.twitter.com/HX6eBEZGAC
Украинските власти соопштија дека крстосувачките ракети биле истрелани од руска подморница во Црното Море и ги погодиле цивилните згради во Виница.
This is where Liza was killed. Vinnytsia is further behind the lines than Kyiv - hundreds and hundreds of kilometres away from the fighting.
— Jimmy (@JimmySecUK) July 14, 2022
This was a terror bombing - a deliberate attempt to make nowhere in Ukraine feel safe for Ukrainian civilians by Russia. pic.twitter.com/iyO79ssqTV
фото: Принтскрин / Твитер