Четиригодишно момче родено без раце и нозе ги направи првите чекори: Ги освои срцата на сите кои го видоа
Камден, момче родено без раце и нозе, за првпат прооди на 4 години и со својата храброст ги освои срцата на сите што го видоа.
Вистинска храброст е да се бориш против стравот. Поентата е да разберете од што се плашите и потоа да работите на тоа. Можеме да кажеме дека ова семејство е голем борец во борбата за живот.
Кејти Видон е мајка на три деца, од кои едното е родено без четири екстремитети. Оваа состојба е наречена амелија-фокомелија. Кејти била само 18-та недела од бременоста кога ултразвукот покажал дека нејзиниот син Камден ќе се роди без раце и нозе.
Се разбира, Кејти била скршена, бидејќи како и секој друг родител, таа се надевала дека нејзиниот син ќе прави едноставни, секојдневни работи.
Пред да наполни две години, Камден покажал дека не е обично мало момче. Неговата храброст го направила силен и фокусиран, а не губел надеж.
Во ова видео, можеме да ја слушнеме Кејти во позадина додека Камден ги прави првите чекори кон нејзиниот партнер Кол Грин. Камден сега има 4 години и оди. Момчето само станува и „оди исто како Ник“.
Ник Вујичиќ е христијански проповедник кој го има истиот синдром како Камден. Ник го обиколи светот споделувајќи ја својата приказна со милиони луѓе, раскажувајќи каков е животот без екстремитети, а исто така е одличен ментор на Камден и неговото семејство.
„Навистина плачам. Многу добро ти оди, Камден. Навистина сум горда на тебе“ - вели Кејти. Ова е навистина голем чекор за ова семејство.
фото: Принтскрин / Инсаграм