Четвртиот филм „After“ нема да биде последен: Сѐ што знаеме за новите филмови
Најавено е снимање на уште два филма, кои ќе бидат малку поинакви...
На светските продуценти им е доволно филмскиот серијал да биде профитабилен, за да може да продожат да зимаат пари. Изгледа дека таков ќе биде случајот и со филмовите „After“.
Како што сите знаеме, оваа година ќе го гледаме третиот дел, а четвртиот со наслов „After Ever Happy“ е веќе снимен и претпоставуваме дека неговата премиера ќе биде следната година. И тоа би требало да биде сѐ - бидејќи филмовите се правени според книгите на Ан Тод, која има издадено четири.
Сепак, сега е најавено снимање на уште два филма, кои ќе бидат малку поинакви. Еден ќе се занимава со Хардин и неговото растење, па ќе служи како предпродолжение на досегашните филмови. Другиот ќе ја следи новата генерација, односно децата на Хардин и Теса.
Со огледн на тоа дека филмовите ќе се случуваат во иднината, односно во минатото, главните улоги нема да ги имаат на нас добро познатите Џозефин Лангфорд и Херо Фајнс Тифин.
Со оглед на тоа дека овој проект е на самиот почеток, нема информации за тоа кој ќе глуми, ниту кога ќе излезат филмовите. Што мислите, ќе бидат ли добри како досегашните?