Чолиќ останал без 20.000 евра во сефот: Крадецот е неговата ќерка Уна, а еве која е причината
На Здравко Чолиќ од дома му се украдени 20.000 евра...
Здравко Чолиќ неодамна забележал дека му недостасува прилично голема сума на пари во сефот и тоа околу 20.000 евра. Поради тоа, тој веднаш повикал полиција за да се реши случајот, а неговата сопруга Александра за овие случувања ги известила и нивните ќерки, за подоцна да дојдат до шокантното откритие.
Имено, како што пренесува „Курир“, што слушнала за што станува збор и дека полицијата е во нивниот семеен дом, Уна Чолиќ се уплашила и на родителите низ солзи им признала дека таа ги земала парите.
Таа признала дека сакала да го изненади своето момче и да му купи автомобил, па им се извинила на родителите поради непријатната ситуација во која ги довела и парите веднаш ги вратила. Чолиќ и неговата сопруга биле шокирани, но не ѝ се налутиле на наследничката, туку разговарале со неа и ја потсетиле дека секогаш треба да биде искрена со нив.
За среќа, моделот кој таа и нејзиниот избраник го сакале бил недостапен во салонот, а продавачите кои се посомневале поради парите кои ги имале, им кажале да почекаат.
фото: Принтскрин / Јутјуб / Инстаграм