Чудната љубовна приказна на некогаш омилената двојка: Се запознале на слепо, а Бред чекал со месеци за секс

Чудната љубовна приказна на некогаш омилената двојка: Се запознале на слепо, а Бред чекал со месеци за секс

Објавена во: Живот // Живот

Омилената американска актерка и холивудскиот срцекршач не успеаја да ја одржат својата голема љубов...

Од разводот на Џенифер Анистон и Бред Пит поминаа 16 години, а нивната љубовна приказна се раскажува и денес.

Американската актерка беше на врвот на својата популарност, блескајќи во петте сезони од познатата серија „Пријатели“, во улогата на Рејчел Грин, додека нејзиниот колега беше сон на многу девојки ширум светот по филмовите „12 мајмуни“ и „Седум“.

Тие двајца се сретнале во малку чудни околности, а интересно е тоа што ги споиле нивните менаџери. Тие им организирале состанок на слепо, верувајќи дека се создадени еден за друг.

Бред тогаш ја раскинал свршувачката со Гвинет Палтроу, а неколку месеци подоцна започна врска со Џенифер. Во јавноста првпат се појавија заедно на Еми наградите во 1999 година.

Еден месец после тоа, Бред ја запроси, а актерката се пофали со прстенот зад сцената на концертот на Стинг. Се венчаа летото 2000 година во Малибу, а церемонијата чинеше околу милион долари.

По пет години брак, тие го шокираа светот со одлуката за развод.

Но, интересна работа од нивната поранешна љубовна врска, открива британскиот таблоид „Daily Star“.

Имено, ѕвездата на хит серијата „Пријатели“ го принудила својот маж да биде воздржан девет месеци.

„Џенифер наводно се плашела дека сексот ќе им ја уништи врската и затоа не сакала да брза. Мислеше дека тоа е најмудрата одлука што можеше да ја донесе. Замислете да му кажете на Бред Пит дека мора да чека секс" - извор близок на поранешните сопружници изјави за „The Mirror“.

Странските медиуми исто така пишуваат дека актерската двојка за првпат имала сексуални односи за време на романтичен викенд во Акапулко, Мексико, на Денот на вљубените во 1999 година, само пет месеци пред да го изговори судбоносното „да“.

фото: Profimedia

Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: