Чудо од дете: Има 10 години, веќе е на листата на најмоќни жени во светот, а ја споредуваат и со Ајнштајн

Чудо од дете: Има 10 години, веќе е на листата на најмоќни жени во светот, а ја споредуваат и со Ајнштајн

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Тестот за интелигенција на Адхара Перез покажа 162, нешто повеќе од Алберт Ајнштајн и Стивен Хокинг, чии резултати се проценуваат на околу 160

Деветгодишното девојче Адхара Перез имаше три години кога и беше дијагностициран Аспергеров синдром.

Таа во тој период доживеала сериозно малтретирање од нејзините врсници и имала огромни проблеми кога станува збор за социјалната интеракција.

Нејзините родители немале преголеми очекувања, а за време на терапијата дознале дека Адхара има поголем коефициент на интелигенција од Алберт Ајнштајн. Со својата интелигенција Адхара завршила основно училиште на пет години, а средно училиште на осум години.

Денес многумина ја претставуваат како девојка со повисок коефициент на интелигенција од Ајнштајн и Хокинг. Поточно, тестот за интелигенција на Адхара Перез покажал 162, нешто повеќе од Алберт Ајнштајн и Стивен Хокинг, чија оценка се проценува на околу 160 (иако никогаш не биле официјално тестирани).


Она што е важно да се нагласи е дека девојчето е идентификувано како дете со Аспергеров синдром. Во раното детство таа се бореше со одредени сегменти од развојот. Нејзиниот најголем проблем беше социјалната интеракција со другите деца на нејзина возраст. Адхара подоцна изјави дека била „исмејувана на училиште“. Учениците ја малтретирале и ја нарекувале чудак.

Нејзината мајка сведочеше дека еднаш ја затекле како си игра во куќата на игралиште, а потоа дечињата почнале да удираат по куќичката каде што си играла Адхара.

По овој инцидент, таа станала многу депресивна и одбила да се врати на училиште. Нејзините учителки рекле дека изгледала незаинтересирано за часовите, често ги преспивала. Затоа нејзината мајка сфатила дека редовниот образовен систем не и одговара на Адхара и ја однела на терапевт. И покрај тешката економска состојба на семејството, мајката сакала на девојчето да му обезбеди светла иднина. Терапевтот ѝ помогнал да се фокусира на средината за учење која е совршена за талентите на Адхара. Девојката набрзо успеала да заврши средно училиште, и тоа за помалку од три  години. Таа сега има две дипломи, едната во системско инженерство, а другата во индустриско инженерство со фокус на математика. Паралелно посетува курсеви за астрономија и гравитациони бранови.


Фасцинантно е и тоа што успеала да напише мемоари за своите искуства. Насловот е  „Не се откажувај“. Покрај тоа, Форбс Мексико ја стави на листата на 100 најмоќни жени во Мексико во 2019 година. Во тоа време таа работеше на нараквица со молекули за следење на емоциите на децата со посебни потреби за да помогне во предвидување и спречување напади. Адхана е дефинитивно некој кој ги разбира овие тешкотии. Кога имала четири години, имала интензивен напад кој за малку ќе ја довел до кома. Таа речиси една година не можела да ги движи рацете и морала да оди на физикална терапија. „Потоа Адхара го следеше примерот на Стивен Хокинг; таа рече дека нејзиниот инвалидитет, не ја спречил да постигне големи работи“.


„Кога Алберт Ајнштајн беше млад, тие не веруваа во него; мислеа дека неговите идеи се глупави, но тој ги докажа со текот на времето и затоа на Адхараѝ се допаѓа овој лик“, објасни нејзината мајка. Покрај тоа, Универзитетот во Аризона на девојчето и понуди место во нивното училиште. Во меѓувреме, таа учи англиски за приемниот испит и продолжува да негува интерес за астрофизиката. Нејзината желба е еден ден да стане астронаут.


Фото: Инстаграм

Фото насловна: Youtube / YO SOY NURI (El diario del foráneo)

Видео: Youtube

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Можеби ќе ве интересира: