ЧУВАЈТЕ СЕ: На ниту еден знак не му се пишува добро, но овие 3 ги очекува најголем удар
Лав: Овој период ќе ве потсети на нешто што сте изгубиле
Ништо не трае засекогаш. Дури и доколку сте прифатиле дека нешто завршило и сте ги поминале многубројните фази на тага, во вас ќе се јави чувство на горчина и тага, бидејќи ќе се присетите на деновите од минатото, а емоциите може да ве надвладеат. За време на ретроградниот Меркур ќе се чувствувате носталгично и ќе се прашувате себе си зошто се мора да биде лошо. Само знајте дека на тоа му дојде крајот со причина. Едно поглавје се завршува, за друго да може да се појави. Научете нешто од минатото и носете паметни одлуки во иднина. Исто така, за време на овој период ќе обрнете внимание на некои работи поврзани со нов, деловен договор, но и лични и материјални односи. Ќе сфатите дека мора да нашправите некој договор и соработка за да постигнете стабилност во финансииите.
Девица: Ќе доживеете драма во врската
За времетраењето на ретроградниот Меркур сигурно ќе се соочите со проблеми во вашиот љубовен однос. Прашање од минатото би можело повторно да ве мачи, така што ќе имате чувство дека никогаш некои работи не се решиле. Наместо да реагирате така што ќе презете драстични или трајни мерки, покажете дека сте ја научиле лекцијата од тој конфликт. Повторно се појавува со причина. Ова би можело да биде одлична можност за конечно да ставите точка на љубовната врска од минатото и конечно да заклучите кој проблем моментално ве мачи. Затоа е важно да ги искористите овие денови за да го организирате својот приватен живот, да поработите на себе, да комуницирате и да се отворите за нови можности и искуства.
Риби: Ќе имате криза во идентитетот
Со ретроградниот Меркур кој се наоѓа во вашата прва куќа, овој загрижувачки и незгоден транзит може да влијае на секој аспект од вашиот живот. Меѓутоа, најмногу на начин на кој се гледате себе. Можеби ќе се соочите со минатото, одлуките и работите кои сте ги правеле порано. Доколку се чувствувате како да не знаете кои сте, можеби моментално не ги гледате јасно сите рбаоти. Нема потреба да вршите притисок на себе, дозволете му на времето да ви укаже на сите грешки за да донесете заклучок и да поставите нови цели за во иднина. Ретроградниот Меркур ќе влијае и на емотивниот аспект, така што овој период е одличен за анализирање на вашата љубовна врска, да го преиспитате својот партнер и вашиот однос. Исто така можно е вашиот поранешен партнер повторно да се врати во вашиот живот.