Чувствувам дека ме мразат: Емотивното обраќање на Били на „Брит“ наградите

Чувствувам дека ме мразат: Емотивното обраќање на Били на „Брит“ наградите

Објавена во: Stars // Музика

Вчера по 40 - ти пат се одржа доделувањето на британските музички награди „Брит“, а иако никој не го повтори успехот на Били Ајлиш од Греми, некои изведувачи се истакнаа како ѕвезди на вечерта.

 Церемонијата, по третпат ја водеше комичарот Џејк Вајтхол и полека започнаа да се редат наградите. 

Првата награда за најдобар соло уметник ја однесе раперот Stormzy, а за најдобра соло уметничка заврши во рацете на англиската пејачка Mabel. За најдобар млад уметник е прогласен 23 - годишниот Lewis Capaldi, најдобра група награда освоија Foals, „ѕвезда во подем“ - Salest, а за најдобар албум беше прогласен „Psychodrama“ на раперот Дејв.

А, потоа доаѓаат интернационалните награди на ред. Тука думинираат Тајлер, кој ја освои наградата од машката категорија и незапирливата тинејџерка Били Ајлиш во женска категорија, која каде и да се појави освојува статуетки.

„Морам да кажам нешто што ми текна вечерва. Неодамна почувствував дека многумина ме мразат, а кога се качив на оваа сцена и ве видов вас како ми се смеете, наеднаш ми дојдоа солзи на очи и чувствувам дека сега би можела да заплачам. Па така, ви благодарам“ - вака Били и се обрати на публиката по примањето на статуетката, а потоа во живо ја изведе нејзината најнова песна за новиот Бонд филм „Not Time To Die“.


Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: