Чувствуваш дека да не можеш да се вклопиш во општеството и немаш свое друштво: Зошто се случува тоа?
Секој барем еднаш се соочил со чувството дека не вклопува никаде или дека не припаѓа никаде и тоа е сосема нормално.
Нема ништо лошо во тоа да се живее сам или понекогаш да бидеш карактеризиран како „волк самотник“. Тоа е самоуверено и совршено добро, но можно е во еден момент да бидеш загрижен поради тоа што не се вклопуваш никаде. Разбирливо е зошто може да се појават тие емоции.
Но, иако е нормално да се чувствуваш осамено на моменти, фактот дека тоа е болно не се менува. Во продолжение ти посочуваме на некои од причините поради кои можеби сметаш дека не се вклопуваш никаде, а и неколку совети за како да ги надминеш тие мисли.
# Твојот круг на пријатели се менува
Редок е случајот некој да има исти пријатели во текот на целиот живот. Менувањето на кругот на пријатели се случува поради растење, преселба, промена на училиште или едноставно промена на интересите во животот поради кои патиштата ви се разделуваат од луѓето со кои се имаш дружено. Ваквите работи се нормални. Значи, доколку се чувствуваш како да не припаѓаш на својата вообичаена група на пријатели, тоа би можело да биде знак дека твојата динамика природно се менува и дека можеби треба да побараш нови пријатели чиј живот подобро се совпаѓа со твојот.
# Сè уште ги немаш пронадено „своите луѓе“
Доколку се чувствуваш како странец на училиште или само површно се дружиш со некоја група пријатели, тоа е затоа што можеби ја немаш пронајдено вистинската група за себе. Решението е да се обидеш да размислиш што бараш од пријателите и кои карактеристики најмногу ги цениш. Тоа можеш да го направиш сам/а или да побараш стручна помош (терапевт) доколку не можеш самостојно. Во моментот кога ќе имаш јасна идеја за тоа кој/а си и што сакаш, полесно ќе склопуваш пријателства, но и врски.
# Премногу се грижиш за тоа што другите мислат за тебе
Кога влегуваш во просторија многу си насочен на тоа дали секој детаљ на тебе е на свое место, дали фризурата ти е совршена, а модната комбинација беспрекорна. Можеби е време повеќе да се насочиш кон комуникацијата со другите, бидејќи деталите и несовршеностите за кои стравуваш дека другите ќе ги одбијат, најчесто ги гледаш само ти.
# Срамежлив/а си
Во ред е да се биде срамежлив. Не сме сите еднакви и не можеме сите да биде еднакво отворени. Но, претераната срамежливост може да те кочи во создавањето пријателства и во комуникацијата. Обиди се да се држиш до помали групи или појавувај се во друштво кое делумно го познаваш и имаш теми за разговор. Многу брзо ќе сфатиш дека имаш многу заеднички теми и твојата срамежливост ќе остане настрана.
фото: CREATISTA / Shutterstock