Црн фустан, црна торта: Ќерката на Наташа Беквалац го прослави својот 6-ти роденден, еве зошто розовата боја беше строго забранета

Црн фустан, црна торта: Ќерката на Наташа Беквалац го прослави својот 6-ти роденден, еве зошто розовата боја беше строго забранета

Објавена во: Совети // Семејство

Катја Лазукиќ го прослави својот 6-ти роденден

Во домот на Наташа Беквалац секогаш е весело на крајот на февруари. Имено нејзината помала ќерка Катја го прослави својот роденден.

Целиот свет на Наташа се врти околу оваа неодолива девојка, најмладиот член на големо и хармонично семејство, а се чини дека околу малиот прст ја има и мајка си.

Катја на 28-ми февруари наполни шест години, а убавата поп ѕвезда како и секогаш се потруди да ѝ приреди незаборавна забава.

Овој пат сè беше за омилената филмска хероина на Катја, Венсдеј. Таа дури имаше и „мрачен“ стајлинг.

Таа ги шармираше сите во долг црн фустан во духот на популарната серија, а на забавата дојде во црна јакна. Имаше и додаток во склад со темата – црна чанта. Вистинска мала дама!

А мама стајлингот го усогласи со оној што го избра роденденската девојка. Постарата сестра на Катја, пак, се одлучи за поромантично издание.

Токму Хана ни откри дел од атмосферата на Инстаграм. Нема сомнение дека овој роденден сите ќе го паметат долго време.


Извор: hellomagazin.rs

Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: