Црвенокосото момче од култната серија „Сексот и градот“ порасна: Како изгледа денес синот на Миранда?

Црвенокосото момче од култната серија „Сексот и градот“ порасна: Како изгледа денес синот на Миранда?

Објавена во: Stars // Филм

Снимањето на продолжението на познатата серија „Сексот и градот“ наголемо е во тек, а фотографии од сетот се објавуваат секојдневно.

На најновите фотографии покрај добро познатите ликови, како Синтија Никсон, популарната Миранда и нејзиниот партнер Стив, кој го игра актерот Дејвид Еденберг, можеме да видиме и колку е пораснат нивниот син во серијата.

Имено, малиот Брејди кој ги воодушеви гледачите со симпатичната црвена коса денес е момче. Иако како возрасен не го глуми истиот актер кој го гледавме во оригиналните епизоди од серијата, интересно е да се види колку време поминало од последното продолжение.

Синтија, Дејвид и нивниот телевизиски син се фотографирани во друштво на актерката Кристин Дејвис, која го глуми ликот на Шарлот и нејзиниот сопруг од серијата, чии дека се исто така пораснати. Да потсетиме, тие во серијата се родители на близначките Лили и Роуз.

Обожавателите на култната серија „Сексот и градот“ се воодушевени откако беше соопштено дека ќе се снима продолжение. Неодамна во јавноста протече дел од сценариото и многумина се разочараа поради она што наводно ќе се случува со главните ликови.


Објавена во: Stars // Филм

Можеби ќе ве интересира: