Да те имам во мојот живот е вечен благослов: Ќерката на Бојана Скендеровски наполни 5 години - пејачката ѝ упати емотивни зборови (ФОТО)

Да те имам во мојот живот е вечен благослов: Ќерката на Бојана Скендеровски наполни 5 години - пејачката ѝ упати емотивни зборови (ФОТО)

Објавена во: Совети // Семејство

Голем повод за славење во домот на македонската пејачка...

Познатата македонската пејачка, Бојана Скендеровски е во брак со сопругот Васко, со кој добија двајца наследници - ќерката Искра и синот Ѓорѓи. 

Ова четиричлено семејство, денеска има голем повод за славење. Имено, Искра денес полни 5 години, а по тој повод на својот Инстаграм профил се огласи и познатата пејачка.

Таа сподели неколку фотографии со нејзината наследничка, а описот го искористи за да ѝ посвети зборови кои само една мајка може да ги каже за своето дете. Воедно, оваа прилика ја искористи за да ѝ го честита роденденот.

„Да те имам во мојот живот е вечен благослов, ти си мојата нежност, моето утро и ноќ, мојот патоказ, и среќа… Те сакам Искра, среќен 5-ти роденден!“ - напиша гордата мајка.


фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: