Дај гол за награда во Скопје Сити Мол!

Дај гол за награда во Скопје Сити Мол!

Објавена во: После „Школо“ // PR

Сите фудбалски фанови со нетрпение го очекуваат најголемиот спортски настан и ги бројат деновите до почетокот на европското фудбалско првенство каде за прв пат и Македонија е дел од овој спектакл.

Скопје Сити Мол за своите посетители во партнерство со Sport Vision и Polleo Sport, подготви интерактивна забавна игра во која посетителите ќе имаат можност да ги покажат нивните фудбалски вештини!

Играта ќе трае од 11 јуни до 11 јули и ќе се одвива на главниот влез во Скопје Сити Мол.

Правилата се едноставни: секој посетител со фискална сметка со сума од 600 денари или повеќе, од било кој локал во Скопје Сити Мол направена во период од 11.06 до 11.07 има можност да учествува во забавната игра каде со употреба на фудбалски вештини ќе може да освои некоја награда.

Бројот на поени кој ќе ги освои посетителот влегува во посебна листа каде доколку имате висок збир на поени ќе може да учествва во големото финале каде доделуваме шопинг од 30.000 денари во Скопје Сити Мол!

Играта ќе се одвива за време на викендите, секој петок, сабота и недела во период од 12:30 до 20:30 часот. Сите учесници ќе се натпреваруваат во 5 арени (фудбал-голф, фудбал куглање и гол за прецизност) игри каде е потребно двајца учесници ( фудбал-билјард, фудбал- флипер ). Вреднувањето на победнците ќе биде времето.

Фондот на награди е составен од:

фудбалски дресови, навивачки шалови, фудбалски топки, ранци, навивачки маици, спортски маици за вежбање, шејкери, термоси, чаши, протеински барови, ваучери за попуст во Sport Vision во вредност, ваучери за попуст во Polleo Sport од 10% до 30% попуст на одредени колекции, ваучери за шопинг во Sport Vision и Sport Reality и големата награда за квалификуваните учесници 30 000 денари шопинг во Скопје Сити Мол.

*Натпреварувањето трае до искористување на фондот на награди

Како најлесно до најдобар резултат?

Преостанаа само уште неколку дена од натпреварувањето, а ние ви претставуваме неколку трикови за тоа како да постигнете најдобар резултат и токму вие да се квалификувате во големото финале.

Првата игра е фудбалскиот билијард. Шутнете и внесете ги сите топки освен црната и белата. Слично е како играњето на класичниот билијард.

Потоа следува фудбал флиперот: Играте двајца и кој прв даде 3 гола тој победува. Една мала тајна. Користете ги спунтовите.

Шутирај прецизно! Протнете ја топката низ една од дупките. Шутирајте лесно и едноставно, без силни движења.

Фудбал – куглање шутни со мало вртење, по земја и со умерена силина.

На крај е фудбалскиот голф. Лесно е: силно шутнете за да ја помине точката на искачување, а потоа топката сама влегува во целта.

Бидете и вие дел од светот на фудбалот, освојте награда и играјте за големото финале шопинг од 30 000 денари!

Напред наши!

* ПР - објава

Објавена во: После „Школо“ // PR

Можеби ќе ве интересира: