„Дајте музика“ ја имаа првата проба во Париз: И ние може да гласаме за нашите овогодишнешни претставници на Јуниорската Евровизија

„Дајте музика“ ја имаа првата проба во Париз: И ние може да гласаме за нашите овогодишнешни претставници на Јуниорската Евровизија

Објавена во: Stars // Музика

Како што веќе ве известивме Анастасија, Филип, Кики и Миха - тин ѕвездите од „Дајте музика“ се веќе во Париз, од каде што ни открија како течат подготовките на големиот настан, во недела на 19 декември.

Тие денес ја имаа и првата проба, а кратко делче од нивниот настап е објавен на официјалниот Јутјуб профил на Јуониорската евровизија.

Само неколку минути по објавувањето на видеото, позитивните коментари и поддршката од повеќе европски земји почнаа да се редат, што е навистина добар знак за висок пласман.


Она што е важно да го знаете е дека сега сите може да учествуваме во изборот на победникот на Јуниорскиот евросонг. Имено, станува збор за онлајн гласање, кое започнува на 17-ти декември на веб страницата на Јуниорската евровизија. 

Ќе може да гласате за три фаворити, помеѓу кои може да бидат и нашите претставници. Гласањето ќе биде затворено непосредно пред самото шоу на 19 декември, а повторно ќе биде отворено по изведувањето на сите песни.

Важно е тоа што овие гласови ќе бидат половина од финалните поени, а за другата половина ќе одлучува жирито. Затоа, од петок сите гласајте за „Green Forces“ и Анастасија, Филип, Кики и Миха од „Дајте музика“ и сите заедно да ја донесеме Јуниорската Евровизија во Македонија.

Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: