Дакота Џонсон од 14 години се бори со депресија: На терапија ќе морам да одам цел живот

Дакота Џонсон од 14 години се бори со депресија: На терапија ќе морам да одам цел живот

Актерката Дакота Џонсон откри дека се бори со депресија уште од својата 14 година. 

Дакота се прослави со улогата на Анастасија Стил во „50 нијанси сиво“.

Таа во едно интервју искрено прозборува дека пандемијата на коронавирус влијаела на нејзиното ментално здравје многу затоа што социјалните контакти беа ограничени за време на карантинот и тоа имало последици кај неа. з

Во шоуто на нејзината колешка Дру Баримор таа изјави:

- Дефинитивно ќе морам да одам на терапија до крајот на мојот живот, но тоа е добро затоа што ние никогаш не престануваме да учиме како да бидеме луѓе. Психотерапијата навистина ми помага и благодарна сум за тоа. Среќна сум и што сум опкружена со луѓе кои ме охрабруваат да зборувам за моите проблеми и да се отворам - рече актерката како гостин во емисијата. 

За време на карантинот, таа поминала многу време во истражување на депресијата и учествувала на курсеви преку Интернет кои се занимаваат со ова прашање. 

Инаку Дакота е во врска со музичарот Крис Мартин кој и е голема поддршка. Неодамна, 30-годишната актерка и нејзиниот 43-годишен вереник започнаа да живеат заедно во нивниот нов дом во Малибу, кој заедно го купија во октомври за 12,5 милиони долари. При купувањето на оваа куќа за парот, кој е во врска веќе три години, беше важно куќата да има и детски соби за децата на Крис од бракот со актерката Гвинет Палтроу.

извор:vecernji.hr

Можеби ќе ве интересира: