Дали бициклистите ќе ги заменат тексас шорцевите?

Дали бициклистите ќе ги заменат тексас шорцевите?

Објавена во: Мода // In and Out

Доколку некој минатото лето ни кажеше дека оваа сезона бициклистите ќе бидат поголем хит од тексас шорцевите, немаше да му веруваме. Но, така е.

Бициклистите над колена кои често имавме можност да ги гледаме на познатите девојки и инфлуенсерките на Инстаграм последните години, во 2020 година завладеаа на уличната мода, пишува Glamour.

Овие практични и удобни панталони ги сакала и принцезата Дајана, која често ги комбинарала со широки дуксери и спортски патики, а денес станаа толку популарни што девојките повеќе не ги носат само во спортски и „кежуал“ комбинации, туку станаа дел и од деловните и елегантните модни изданија. 

Сево ова започна пред неколку сезони, кога дизајнерските куќи Chanel, Stella McCartney, Fendi, Miu Miu и Jacquemus на Француската модна недела ги прикажаа своите модели во колекцијата за сезоната пролет/лето. Овие шорцеви потоа често почнаа да се појавуваат во медиумите, а денес станаа дел од секојдневните „аутфити“.

Во продолжение погледнете ги објавите од Инстаграм кои ги издвоивме, со цел да ве инспирираат за да имате одлични летни модни комбинации кои ги вклучуваат и овие тренди шорцеви. Како ти се допаѓаат?









Објавена во: Мода // In and Out

Можеби ќе ве интересира: