Дали е личноста за тебе? Пред официјално да бидете во врска, мора да ти даде одговори на овие прашања
За време на запознавањето, поставувај му ги овие прашања на момчето или девојката кој/а ти се допаѓа.
Низ неколку стратегиско поставени прашања дознај дали личноста со која се гледаш навистина е некој со кој сакаш да бидеш во врска. Пред официјално да влезете во врска, мораш да ги знаеш одговорите на овие прашања. Зависно од тоа дали си океј со одговорите или не, ќе знаеш што да одлучиш понатаму.
# Каква врска сака таа личност? Дали само забава или пак нешто сериозно?
Првото и најважно, мораш да знаеш дали сте на иста бранова должина по ова прашање. Тебе може да ти изгледа дека сака нешто посериозно, но дали навистина е така? Не можеш да знаеш доколку не прашаш.
# Кои му/и се моментално топ приоритети во животот?
Личноста која има слични размислувања како ти и ти и приоритети во животот слични на твоите, тоа е некој со кој врската би можела да ти биде успешна.
# Што му/и е најважна работа во врската?
Мораш да дознаеш што и е најважно на личноста која ти се допаѓа во врската и дали тоа е нешто што ти можеш да и го дадеш.
# Како да се изборите со кавгите?
За некој проблем да се реши, треба да знаеш да комуницираш. Однесувањето по кавгите може да ти покажат дали има знаци на предупредување и треба ли да побегнеш или останеш.
# Зошто последната врска му/е завршена?
Кога ќе ја дознаеш причината поради која му/и е завршена, ќе ти биде појасно што бара таа личност и преку што нема да помине.
# Дали е во контакт со поранешниот/поранешната?
Не сакаш да водиш константни битки со љубомората. Некои се океј со тоа момчето или девојката да се дружат со поранешните, но некои не се. Затоа треба да знаеш.
# Дали некогаш некој/а изневерил?
Доколку последната врска завршила со неверство, размисли дали сакаш нависитина да бидеш со таква личност.